Маникир - Studio Sense

Маникир

До скоро маникирот важеше за луксуз. Денес овие услуги се повеќе се користат. Редовниот маникир е одлика на уредност, хигиена и потреба, како за жени, така и за мажи.

Покрај класичниот третман, поседуваме маникир продолжен со третман за нокти каде што се нанесуваат сите потребни витамини, масла, калциум, зајакнувачи и маски на ноктите. Доколку ноктите природно не изгледаат убаво, во тој случај имаме голем избор на техники на продолжување на природниот нокт со наливна техника со гел . На тој начин се обликува ноктот по желба на клиентот, а природниот нокт не се оштетува. Овие нокти траат неограничено, само се надополнуваат еднаш на 4 недели. Сите препарати со кои работиме се со врвен квалитет и познати брендови на козметика, кои не го оштетуваат ноктот.

Во нашите маникир и педикир третмани е вклучено навлажнување и омекнување со навлажнувачки креми, обликување на ноктите, третман и заштита на живецот и лакирање до перфекција.